Home kadar

kadar

Професорот / The Professor

Професорот Документарен филм за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев- музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија. Приказна за потрагата по еден роман во ракопис. Приказна за авантурата на една хавајска гитара. Овој човек-феномен отсвирел над 6000 бесплатни концерти ширум […]

Лов на вештерки – тв документарен филм

Документарен филм за пропаднатата „десоросоизација“ која започна да ја спроведува власта на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, преку упадот во граѓанските организации и контрола на нивните финансии. Зошто оваа акција се претвори во лов на вештерки? Паралелно во филмот е прикажан граѓанскиот отпор од 2009 година до падот на ВМРО ДПМНЕ од власт – […]

„Видеоскоп“, епизода 6 – ВОДОМИЛА

Длабоко во 21 век, во центарот на Македонија, долгогодишната негрижа на властите предизвикува апсурдна ситуација, каква што веројатно нема ниту во земјите од третиот свет: жителите на Богомила се принудени да ги пијат сопствените фекалии. Водата од селскиот водовод со години е бактериолошки неисправна, а богомилчани ја плаќаат како да е чиста. Но, група млади […]

„ВИДЕОСКОП“, епизода 5 – РЕПУБЛИКА ДЕПОНИЈА

Лошото управување со отпадот е меѓу најголемите еколошки проблеми на земјава. Политичарите досега не покажаа намера сериозно да се зафатат со решавање на овој проблем. Македонија заостанува десетици години зад европските стандарди. Документарниот филм е снимен во април годинава, пред да се актуелизира проблемот со депонијата во Струга.

“ВИДЕОСКОП”, епизода 4: ЕДНАШ ВО ИЛЈАДА ГОДИНИ?

Четврта епизода од документарниот серијал “ВИДЕОСКОП” посветена на последиците од поплавите кои го зафатија скопскиот регион минатиот август. Што преземаат надлежните доколку се случи повторно поплава за која надлежните велеа дека се случува еднаш во илјада години. Но, што ако се случи два пати? Продукција: Кадар, 2017

„Црни бели дробови“

Документарниот филм „Црни бели дробови“ се занимава со загадувањето на воздухот во Скопје, низ разговори со најзасегнатите од овој проблем. 1.350 луѓе годишно умираат од последиците на аерозагадувањето во Македонија. Лани секое второ дете имало респираторни проблеми. Надлежните не прават речиси ништо за да го сопрат загадувањето. Во Скопје, дополнителна опасност предизвикува депонијата на токсичен, […]

ЦРНИ БЕЛИ ДРОБОВИ – трејлер

Трејлер за документарниот филм “Црни бели дробови” во продукција на КАДАР.

„Видеоскоп“, епизода 3 – PSEUDOLOGIA FANTASTICA

Цела трета епизода од серијалот „Видеоскоп“, насловена „Pseudologia Fantastica“. Епизодата се занимава со феноменот на лажните предизборни ветувања на политичарите. Низ приказните за четири неостварени ветувања од претходните изборни циклуси, својата психолошка анализа за овој феномен ја изнесува невропсихијатарот, Д-р Мице Дудучки

“Видеоскоп”, епизода 3: PSEUDOLOGIA FANTASTICA – трејлер

Трејлер за третата епизода од серијалот „Видеоскоп“, насловена „Pseudologia Fantastica“. Епизодата се занимава со феноменот на лажните предизборни ветувања кои ги даваат политичарите. Приказните за четири неостварени ветувања од минатите изборни циклуси ги поврзува психолошката анализа на Д-р Мице Дудучки. Гледајте ја третата епизода од „Видеоскоп“ во среда на ТВ 24 Вести и TV Shenja, […]

“Видeоскоп”, епизода 2: ПЕЧАТ ЗА ЗБОГУМ

Втора епизода од серијалот „Видеоскоп“, посветена на егзодусот на младите луѓе од Македонија. Според податоците на Организацијата за европска соработка и развој (OECD), меѓу 1998 и 2011 година, Македонија ја напуштиле околу 230.000 луѓе. Ова значи дека годишно се иселувале по околу 17.700 граѓани, што е околу 1% од населението секоја година. Доколку ваквиот тренд […]