Home трејлер “Видеоскоп”, епизода 2: ПЕЧАТ ЗА ЗБОГУМ – трејлер

“Видеоскоп”, епизода 2: ПЕЧАТ ЗА ЗБОГУМ – трејлер

0
0

Трејлер за втората епизода од документарниот серијал на Кадар, „Видеоскоп“, насловена „Печат за збогум“.

300.000 луѓе си заминале од Македонија во последните 18 години, во потрага по подобар живот и посветла иднина. Што значи за македонското општество феноменот на масовното иселување на младите? Какви се чувствата кај оние кои засекогаш заминале од земјата, а какви кај нивните блиски, кои останале во Македонија?
Ги прашавме: лекарот анестезиолог Владко Пеливанов, кој во 2006 со семејството се отселил во Канада, и неговиот брат Миле Пеливанов. Раперот Да Џака Накот, кој сега живее во Германија, и неговиот другар и музички соработник од “Легијата”, ЛД Пистолеро.