Home видео “Видeоскоп”, епизода 2: ПЕЧАТ ЗА ЗБОГУМ
  Previous Video "Видеоскоп", епизода 1 - ЛОШ СИГНАЛ
  Next Video „Видеоскоп“, епизода 3 - PSEUDOLOGIA FANTASTICA

“Видeоскоп”, епизода 2: ПЕЧАТ ЗА ЗБОГУМ

0
0

Втора епизода од серијалот „Видеоскоп“, посветена на егзодусот на младите луѓе од Македонија.

Според податоците на Организацијата за европска соработка и развој (OECD), меѓу 1998 и 2011 година, Македонија ја напуштиле околу 230.000 луѓе. Ова значи дека годишно се иселувале по околу 17.700 граѓани, што е околу 1% од населението секоја година. Доколку ваквиот тренд продожил и по 2011 година, вкупниот број отселени во последниве 18 години надминува 300.000 македонски граѓани.

Во кусиот документарен филм се појавуваат: раперот Da Dzaka Nakot, кој лани се отсели во Германија и неговиот колега-музичар и другар LD Pistolero, како и лекарот Владко Пеливанов, кој живее во Канада и неговиот брат Миле, кој е во Скопје.