Home други проекти „Црни бели дробови“

„Црни бели дробови“

0
0

Документарниот филм „Црни бели дробови“ се занимава со загадувањето на воздухот во Скопје, низ разговори со најзасегнатите од овој проблем.

1.350 луѓе годишно умираат од последиците на аерозагадувањето во Македонија. Лани секое второ дете имало респираторни проблеми. Надлежните не прават речиси ништо за да го сопрат загадувањето.

Во Скопје, дополнителна опасност предизвикува депонијата на токсичен, карциноген пестицид – линдан во кругот на фабриката ОХИС, која по 40 години, и натаму стои на отворено, на само три километри од центарот на Скопје.