Home видео Професорот / The Professor

Професорот / The Professor

0
0

Професорот

Документарен филм за универзалниот уметнички и хуманистички подвиг на еден локален херој. Истражување на несекојдневниот животен пат на Илија Џаџев- музичар, виртуоз на хавајска и класична гитара, писател, професор по географија. Приказна за потрагата по еден роман во ракопис. Приказна за авантурата на една хавајска гитара.
Овој човек-феномен отсвирел над 6000 бесплатни концерти ширум светот, не правејќи разлика дали свири пред луѓе што се од врвот или на дното. Свирел пред претседатели, просјаци, рудари, деца во градинка, студенти во менза, работници во поле, заменувајќи ги концертните сали со родилишта, гробишта, пензионерски домови, рударски окна, патнички и воени бродови, караули, затвори, психијатриски болници, како и плоштадите на поголемите светски метрополи, поминувајќи преку четири милиони километри со својата гитара.

Сценарио и режија: Јордан Дуков

Продуцент: Љубиша Арсиќ
Директор на фотографија: Доријан Миловановиќ, Кристијан Караџовски
Монтажер: Доријан Миловановиќ
Анимација: Крсте Господиновски
Дизајн на звук: Слободан Трајкоски
Истражувач: Жарко Настоски
Музика: Илија Џаџев
Продукција: КАДАР, МАШИНА ПРОДУКЦИЈА
Поддржано од: Агенција за филм на Република Северна Македонија, МРТ, Општина Гевгелија

The Professor

A documentary about the universal artistic and humanistic achievement of an unsung local hero. A research into the unusual life path of Ilija Dzadzev – musician, Hawaiian and classical guitar virtuoso, poet, philosopher, geography teacher. A story of the quest for a lost novel in manuscript. A story about the adventures of a Hawaiian guitar. This man-phenomenon played over 6,000 free concerts across the world, without making a difference between playing in front of people from the top or from the bottom. He played for presidents, beggars, miners, kindergarten children, students in cafeterias, field workers, replacing concert halls with maternity wards, graveyards, nursing homes, mine shafts, passenger and military ships, watchtowers, prisons, psychiatric hospitals, as well as squares in the major cities of the world, traveling more than 4 million kilometers with his guitar.

Written and directed by Jordan Dukov

Producer: Ljubisa Arsic
Director of Photography: Dorian Milovanovic, Christian Karadzovski
Editor: Dorijan Milovanovic
Animation: Krste Gospodinovski
Sound Design: Slobodan Trajkoski
Researcher: Zarko Nastoski
Music: Ilija Djadjev
Production: KADAR, MASHINA PRODUCTION
Supported by: North Macedonia Film Agency, MRT, Municipality of Gevgelija

tags: