Home ЗА КАДАР

ЗА КАДАР

“Кадар е тим за истражувачко новинарство, документаристика и едукација. Основан во 2016 година од искусни медиумски работници. Основната идеја за формирањето и започнувањето со работа на продукцијата “Кадар” е пополнувањето на јазот во медиумскиот простор кај нас од видео содржини посветени на актуелни теми обработени преку документаристичкиот пристап со доследно истражувачко новинарство и креативни визуелни и драматуршки решенија. За период од 3 години, продукцијата “Кадар” има изработено над 15 ТВ документарци, како и неколку кампањи, поддржани од домашни и странски фондации и невладини организации. ТВ документарците обработуваа актуелни општествени теми како што се медиуми, млади, екологија, здравство, социјална инклузија, лица со попреченост, политика и друго. Сите видеа се изработени со превод на англиски, албански јазик и се емитувани на национални телевизии, во ударни термини, како и во скратени формати на социјалните мрежи и останати интернет платформи. Дел од ТВ документарците имаат учествувано и на неколку фестивали посветени на истражувачко новинарство и документаристика.

“Професорот” е наш прв долгометражен документарен филм.

 

Kadar (Kadar.mk) is a team of investigative journalists and filmmakers dedicated to making documentaries and educational programs. Founded in 2016 by experienced media professionals, with the basic idea of filling the gap in the media space in the country with video content dedicated to current topics covered through a documentary approach with consistent investigative journalism and creative visual and dramaturgical solutions.

For a period of three and a half years, Kadar” has produced over 15 TV documentaries and several campaigns, mostly supported by domestic and foreign foundations and NGOs. TV documentaries covered current social topics such as media, youth, ecology, health, social inclusion, people with disabilities, politics and more. All videos are produced in Macedonian and published with English and  Albanian subtitles. Our short documentaries have been broadcast in prime time slots on national television, as well as in truncated formats on social networks and other online platforms. Part of the TV documentaries has also participated in several festivals dedicated to investigative journalism and documentary writing.

“The Professor” is our first feature documentary.

Кадар тим:

Јордан Дуков е дипломиран новинар, магистер по медиуми и комуникации, автор на преку 500 ТВ документарци, продуцирани во изминатите 15 години и емитувани на ТВ Телма.

Својот професионален пат го започнал најпрвин во Македонската Радио Телевизија, за потоа, веќе 15 години да работи во документарната редакција на Тв Телма од Скопје.

Ко – основач на “Кадар”, тим за истражувачко новинарство, документаристика и едукација.

Работи и како сценарист на повеќе кратки документарни  филмови посветени на специфични општествени теми како што се: различности, политика, екологија, култура, миграции, млади…

Во 2012 година неговиот едноминутен филм “Car wash cabaret” е победник на конкурсот за едноминутен филм на “Скопје филм фестивал”.

Режисер и сценарист е на краткиот  документарен филм “So many loves”, како и на долгометражниот документарен филм “Bluberry Hill / Планински кавијар” прикажан во официјална селекција на меѓународниот фестивал за креативен документарен филм “Македокс”, 2017-та година.

“Професорот” е негов втор долгометражен документарен филм.

 

Jordan Dukov is a journalist, documentary author and scriptwriter with a master’s degree in media and communications and co-founder of “Kadar production”. He authors more than 500 videos and TV documentaries produced for national TV station over the past 15 years.

In 2012, his one-minute film “Car Wash Cabaret” won the Skopje Film Festival contest for short films. Also, he is director and screenplay author of the short music documentary “So Many Loves” and  the feature documentary “Blueberry Hill”, shown in official selection on International Film Festival for creative documentaries “Makedox”, in 2017.

“The Professor” is his second feature documentary film.

 

Доријан Миловановиќ дипломирал филмска монтажа на Националниот Универзитет за Филм и Театар “Јон Лука Караџиале” во Букурешт, 2004 год.

На Факултетот за Филм, фасциниран од фотографијата развил особено чувство за светло и композиција и започнал интензивно да се занимава со фотографија.

До сега учествувал на повеќе групни фото-изложби и има освоено награди и дипломи за фотографија.

Низ годините, тој е привлечен од магијата на анимацијата и движечките графики, а интензивно работи како снимател.

По дипломирањето се вратил во својот роден град Скопје и веќе 15 години работи на проекти од секаков вид вклучувајќи документарни филмови, кратки филмови, анимации, ТВ емисии, филмски фестивали и работилници.

 

Dorijan Milovanovik is a graduated Film editor, at the National University of Film and Drama “Ion Luca Caragiale” in Bucharest, in 2004.

At the Film Faculty I gained a sense about light and composition, and I became a passionate photographer. I have participated in 10 group photo exhibitions and won awards and diplomas.

Throughout the years I was also attracted by the magic of animation and motion graphics, and in the last few years I work intensively as a cameraman.

After graduation I returned to my hometown Skopje, and for almost 15 years I`ve been working on all kind of projects, including documentaries, short films, animations and

motion graphics, TV shows, Film workshops and so on.

I`m co-founder of KADAR – Team for investigative journalism, documentary production and education.

 

 

Љубиша Арсиќ, новинар истражувач/продуцент

Од 1999-та до 2019-та, активно работи во неколку информативни новинарски редакции, како Телевизија Телма, ТВ Канал 5, ТВ Алфа, неделник Фокус и порталот Нова ТВ. Се занимавал  со истражувачко новинарство од областа на судството, црната хроника и организираниот криминал и корупција. Добитник е на престижни награди за истражувачко новинарство: Во 2006-тата ја доби наградата Вест на годината на Македонската информативна агенција. Македонскиот институт за медиуми му додели награди за истражувачка сторија на годината во 2012 и во 2015 година, кога беше исто така награден и од Европската унија.

Од 2014-та до денес е продуцент во Кадар (истражувачко новинарство, документаристика и едукација, Скопје), со тим професионалци кои работат на документарни филмови. За овие четири години има испродуцирано 15 кратки документарци.  Првиот долгометражен документарец на кој работел како продуцент е „Професорот“, издаден во 2020 година. .

 

Ljubisa Arsic,  investigative journalist/ producer

From 1999 to 2019, he has been working  in several TV newsrooms (Telma Television, Kanal 5 TV, Alfa TV)   Focus weekly magazine and Nova TV news portal. He was active in investigative journalism in the field of judiciary, crime, organized crime and corruption. He has achieved prestigious awards for investigative journalism: News of the Year by the Macedonian Information Agency in 2006, Awards for Investigative Story of the Year by the Macedonian Institute for Media in 2012 and 2015, when he was also awarded by the European Union.

From 2014, he has been a producer at Kadar (Investigative Journalism, Documentary and Education, Skopje) with team of professionals working on documentary films. In the last four years he has produced 15 short documentaries. “The Professor”, released in 2020, is the first feature documentary he had produced.

 

 

Кристијан Караџовски е ко-основач на невладината организација Кадар(Skopje) која промовира истражувачко новинарство, документаристика и едукација. Со Кадар работи на продукција на шест документарни филмови дел од проектот „Видеоскоп“, финансиран од USAID. Во 2017 година работи на документарен филм како кинематограф кој ја следи работата на Специјалното Јавно Обвинителство во Македонија(„Чарлиевите Ангели“), режиран од Рејчел Рајт, новинар со работно искуство во BBC. Во овој проект се здобива со искуството да работи во комплицирани услови, под притисок, како и да носи одлуки во краток временски период. Тој има снимено и многу други креативни документарни филмови, кој биле дел од официјалната селекција на повеќе фестивали, како: „Направи Сам“ ; „Љубител на 101“ ; „На Точак“ и многу други. Има работено и на документарниот филм Honeyland, како additional footage. Honeyland освојува три награди на Sundance Film Festival и беше номиниран за Oскар во две категории.

Кристијан работи на различни проекти(реклами, музички видеа, документарци, кратки филмови, фестивали) како директор на фотографија, во одредени случаеви и како продуцент.

Kristijan Karazovski

Kristijan is co-founder of the Non Governmental Organization Kadar(Skopje) which promotes

investigative journalism, documentary production and education. With Kadar, Kristijan has

worked on production and postproduction on six documentary films for „Videoscoop“, funded by

USAID. In 2017 he is working on a long project as cinematographer on a documentary about

the special prosecutor office in Macedonia, called „Charlies Angels“, directed by Rachel Wright,

journalist with working experience in BBC. In this project Kristijan is gaining the ability to work in

complicated situations, under pressure, and the need of urgent decision making actions. He has

shoot many other creative documentary films, that were premiered on festivals around Europe,

as: Do it alone ; Lover of 101 ; On Bike and many others. Kristijan has worked on the creative

documentary Honeyland, as additional footage. Honeyland has won three awards on Sundane

film festival and was nominated for oscars 2020 in two categories.

Kristijan has worked on various projects(commercials, music videos, documentaries, short

movies, festivals) as director of photography and occasionally producer, such as: „Професорот“

(post-production), Пролог, Печат за збогум, Црно Бели Дробови, Република Депонија,

Водомила, пакомак, Отров, Аларм, A call in the night, D Festival(biggest outdoor festival in

Macedonia), Taksirat and many others.

 

Жарко Настоски е видеоновинар со речиси две децении искуство во телевизиски, радио и онлајн медиуми од Македонија и регионот. 12 години работел како телевизиски репортер, новинар и уредник, покривајќи најразлични теми – од младински активизам, преку анализа на економските и политичките состојби, до истражување случаи на корупција. Во последните неколку години изработува видеостории како фриленсер и тренер по мобилно новинарство, соработувајќи со продукциски и телевизиски куќи од Македонија и Балканот

Настоски е еден од основачите на Кадар и како новинар-истражувач работи на сите проекти на продукциската куќа, вклучувајќи го и првиот долгометражен документарен филм на Кадар, „Професорот“ (2020).

Zarko Nastoski is a video journalist with almost two decades of experience in TV, radio, and online media in Macedonia and the region. He has worked as a TV reporter, journalist and editor, covering different topics – from youth activism, the economy, and politics, to researching cases of corruption. In the past few years, he is working on videostories as a freelancer and mobile journalism trainer, cooperating with production studios and TV stations from Macedonia and the Balkans.

Nastoski is one of the co-founders of Kadar and has worked as a journalist-researcher on all of the production’s projects, including the first full feature documentary by Kadar, “The Professor” (2020)..